Суперхероите од цртаните филмови ќе се спуштат по јаже и ќе делат подароци

37

Црвениот крст на Град Скопје, традиционално како и секоја година, денеска во 10:30 часот ќе им приреди предновогодишен настан на децата што се хоспитализирани на Клиниката за детски болести при Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Станува збор за показна вежба под наслов „Да подариме насмевка“, во рамките на која членовите на Тимот за спасување на планина, како дел од Тимот за одговор при катастрофи, ќе бидат маскирани во костимите на омилените суперхерои од цртаните филмови, ќе се спуштат по јаже и ќе им делат подароци на децата.

– Целта на овој несекојдневен настан е поддршка на децата јуначки да ги поминат деновите и предизвиците во текот на својот престојот на Детската клиника и разубавување на новогодишните празници – велат од Црвениот крст на Град Скопје.