Морничави детали од смртта на Вања и Панче: Девојчето ползело по калтта бегајќи од смртта

1442

На денешното рочиште од судскиот процес за двојното убиство на четиринаесет годишната Вања и пензионерот Панче Жежовски обвинителството презентираше ужасни детали од последните моменти на жртвите, читајќи го наодот од судска медицина по обдукцијата на телата.

Немир кај присутните во судницата се предизвика, кога обвинителката Жаклина Крстевска Јосифовска, прочита дека Вања била жива кога било пукано во неа.

Убиецот со оружјето бил многу близу до неа, на далечина од половина метар. Во нејзината глава е пронајдена дупка од проектил од боева муниција.

„Пронајдена е и сива самолеплива лента на главата од девојчето и ова е дел од доказите, се надоврза судијата Ивица Стефановски. Морници да ти полазат по телото кога се прочита оти девојчето се движело по кал до местото каде неколку минути подоцна трагично згаснал нејзиниот живот, кал било пронајдено под ноктите и на отисокот од врвот на патиките, па заклучокот е дека Вања била убиена клечејќи.

Зборовите кои ги прочита обвинителката дека жртвите, Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски, пред да бидат убиени претрпеле тешко физичко страдање  буквално ја „заледија крвта“ на јавноста во судницата. Обвинителката објасни дека на сиво сребрената лента со која и била залепена устата на девојчето биле пронајдени траги од обвинетиот Велибор Манев.

Обвинителката го прочита и наодот од обдукцијата на Панче Жежовски, било утврдено дека смртта била насилна, а на несреќниот фризер му било пукано во главата, кога го застрелале бил во исправена полунаведната положба, а главата му била свиткана надолу.

По ова реагираше првообвинетиот Љупчо Палевски, ја повика обвинителката да каже за вештачењето на церадата во која бил завиткан Панче, дека на неа немало негови траги, по што обвинителката му одговори дека сега само се изведуваат доказите и во текот на судскиот процес ќе се поврзе се и ќе се каже јасно и гласно се!

Панче Жежовски бил закопан и пронајден во дупка длабока три метри обвиткана со земја. Во близина на дупката бил пронаден мобилниот телефон на Жежовски како и една чаура од муниција со калибар од 9 мм. Неговото возило кога го пронашла полицијата  било пеплосано, но сепак една клучна трага останала не уништена, а тоа биле регистарските ознаки на ситроенот.

Обвинетиот Велибор Манев, заедно со Влатко Кешишев и Боре Видевски, се обвинети за грабнување и свирепо убиство на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски. Тие признале вина во обвинителството, дека се соучесници во двете грозоморни убиста и ја однесоа полицијата кај телата на жртвите, како што посочиле пред инспекторите,свирепо од страна на првообвинетиот Љупчо Палевски.

На судењето беше презентирано и психијатриското вештачење на обвинетите кое покажало дека сите биле пресметливи, односно знаеле што правата во моментот на извршување на делото. За нивните жртви повикувајќи се на психијатриските наоди, обвинителството рече дека претрпеле тешко психичко страдање со силен интензитет.

За убиството на Вања и Панче обвинети се Љупчо Палевски-Палчо, Влатко Кешишов, Боре Видевски, Велибор Манев, како соизвршители и Александар Ѓорчевски, таткото на Вања, кој се товари за помагање.На првото рочиште сите обвинети се изјаснија за невини за делата што им се ставаат на товар. Досега беа сослушани 26 сведоци, а судскиот процес продолжува со изведување на материјални докази. (П.А.)