Наставничка и неколку ученици се повредени во напад со нож во основно училиште во Пречко. Според хрватските медиуми нападот го извршил ученик од основното училиште.
На училишното игралиште слета и хеликоптер на брза помош. Полицијата е на терен како и неколку амбулантни возила, јавија загрепските медиуми.
Полицијата се огласи дури еден час по инцидентот.
„Денеска, 20 декември, околу 9:50 часот, млад човек со остар предмет повреди наставник и неколку ученици во образовна институција во месноста Пречко. Напаѓачот е под полициски надзор. На повредените им е понудена лекарска помош“, се вели во соопштението на полицијата од 10:55 часот.
Медиумите, но и родителите, сите информации ги добиваа од терен, од родители, деца, познаници и случајни минувачи. Социјалните мрежи набрзина се преполнија со разни информации, од нападот врз учениците, на наставничката, до степенот на повредите, како и за децата кои избегале низ прозорецот.