Селекторот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров, го објави скратениот список на играчи за претстојното Светско првенство кое од 14. јануари до 5. февруари наредната година ќе се одржи во Хрватска, Данска и Норвешка
На списокот има 20 ракометари и сите доаѓаат од домашното првенство, а за првпат по 16 учества на големи натпреварувања, Македонија ќе нема интернационалци во составот.
На поширокиот имаше тројца, Талески од Бенфика, Карапалевски од Ваљадолид и Томовски од Потсдам, но ниту еден од нив не се најде на скратениот список, со тоа што се ставени во резерви.
Од повиканите ракометари 12 се од Алкалоид, 6 од шампионот Еурофарм Пелистер и двајца од Вардар.