Кошаркарскиот свет сè уште е шокиран од смртта на Јанис Тима, летонскиот репрезентативец кој изврши самоубиство. Таткото на Јанис, Рајтис Тима, со остри зборови ја нападна неговата поранешна снаа, Ана Седокова, која, барем според летонските медиуми, токму таа е причина за неговото самоубиство, бидејќи паднал во тешка депресија по нивниот развод.

  • Не знам ништо за неа. Прашајте ја за пеколот кој настана. Знам дека пеколот почна кога таа ни се вмеша во нашите животи, истакна Рајтис, кој воедно откри дека не бил во најдобри односи со својот син во последните три години.