Летонскиот кошаркар Јанис Тима пред неколку дена изврши самоубиство, а според тамошните медиуми, мотив за громорозниот чин бил односот со поранешната сопруга, пејачката Ана Седокова.

Наводно, поранешниот кошаркар на Евролигата паднал во депресија по разделбата од Ана и пропаѓањето на нивниот четиригодишен брак, а потоа преку Инстаграм ѝ рекол на пејачката дека ќе се убие на нејзиниот роденден, што на крајот и го стори.

На Ана ѝ било тешко поради смртта на неодамнешниот сопружник, дури била и хоспитализирана по неговата смрт, а сега реши да ги преземе сите трошоци за погребот.

Руските медиуми пренесуваат дека превозот на посмртните останки од Москва до родното место на Тима ќе ги сноси Ана Седокова, како и дека организацијата на целиот погреб на познатиот кошаркар ќе оди на нејзина сметка. Тој гест изненади многумина, имајќи на ум дека нивната врска неодамна се распадна и дека Јанис пред неговата смрт оставил вознемирувачка проштална порака на една Украинката со руско потекло.

  • Нема потреба да се собираат дополнителни средства за организирање и извршување на погребот. Сите други изјави на трети лица и медиумите се неверодостојни, потенцираше пиарот на пејачката, со што стави крај на оваа драма.

Засега нема многу детали за погребот на Тима. Неговото безживотно тело е пронајдено во влезот на една петкатница во Москва, а снимките од надзорните камери покажуваат дека тој тешко се движел под дејство на алкохол пред да се самоубие.

Јанис Тима и Ана Седокова започнаа врска во 2019 година, додека тој сè уште беше во брак со претходната сопруга Сана. Ги оставил сопругата и синот, единственото дете што го има, се оддалечил од семејството и почнал да живее сам во Москва, каде што ја запознал Ана со која почнал да излегува. По само неколку месеци се венчале, бракот траел четири години и немаат заедничко дете. Украинската пејачка по потекло од Русија претходно имала два брака, односно три деца со тројца мажи.