НОВА ИЗМАМА: Измамници праќаат пораки претставувајќи се како „Македонски пошти“

41

Измамници под маска на Македонска Пошта испраќаат „СМС“ пораки со цел да извлечат пари.

Во новиот фишинг напад се користат линкови кои водат до веб-страница на која жртвите се покануваат да внесат лични податоци и податоци од платежни картички.

Веб-страницата е едноставна, без валидирање на внесените податоци и е регистрирана пред неколку дена. Нападот е насочен исклучиво кон корисници во Македонија, бидејќи страницата филтрира само IP адреси од оваа земја.