„Така му треба, арогантно го*но“

218
epa10493178 AC Milan’s Zlatan Ibrahimovic reacts during the Italian Serie A soccer match between AC Milan and Atalanta at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 26 February 2023. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Златан Ибрахимовиќ повеќе не е омилен меѓу навивачите на калчо гигантот Милан. Доказ дека „пукна тиквата“ е реакцијата која пристигна од трибините на „Сан Сиро“.

Легендарниот напаѓач кој е дел од управата на клубот беше исвиркан од целиот стадион откако неговиот лик се појави на големиот екран. На тој начин фановите на Милан покажаа дека Златан стана омразена личност.

Навивачите на Милан не се согласуваат со потезите на Швеѓанецот и решија да му го покажат тоа со громогласни свирежи за кои до пред неколку години Ибракадабра не можеше ни да сонува.

Арогантното однесување кон навивачите и кон клубот е нешто што љубителите на „црвено-црното“ не можат да го преболат.

„Така му треба. Арогантно го*но“, е еден од низата брутални коментари на социјалните мрежи и кои се наменети за Златан.

Додека клубот им оддаде почит на легендите Франко Барези, Филипе Инзаги и Марк ван Бастен, на трибините се појави брутален транспарент.

„Да ги поздравиме нашите шампиони – симболи на Милан кои повеќе не постојат.

За разлика од најверните фанови на седумкратниот европски клупски шампион, Ибра смета дека и во овој тим има играчи кои би можеле да се здобијат со статус на легенди.

„Се надевам дека некои од нив ќе станат легенди. Сакаме овде да пишуваме историја“, изјави Ибрахимовиќ.

Легендарниот репрезентативец на Шведска два мандати го носеше дресот на Милан, од 2010 до 2011 година и од 2020 до 2023 година.

„Црвено-црниот“ дрес го носеше 163 пати и има учинок од 93 гола и 34 асистенции. На крајот од својата играчка кариера, тој презеде улога во клубот која не е јасно дефинирана, но служи како еден вид спортски директор.

Кога е во прашање натпреварот, Милан и Џенова одиграа без погодоци, а домашните навивачи вината за лошиот резултат повторно ја лоцираа во шефот на стручниот штаб, Паоло Фонсека, кој со месеци стои на тенок мраз и во последен момент се спасува од залужен отказ.