Двете повредени лица при падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се стабилни, но се уште се во тешка состојба

191

Пациентите повредени по падот на настрешницата на Железничката станица во Нови Сад се уште се во тешка, но стабилна состојба.

Двајцата пациенти се свесни и, како што соопштија од Клиничкиот центар на Војводина, дишат спонтано.

Тие се сместени во Клиниката за анестезија, каде во услови на операциона сала се применуваат сите неопходни мерки на интензивно лекување и дневни завои“, се наведува во соопштението.

Од болницата наведоа дека за секојдневниот третман на пациентите одлучува мултидисциплинарен тим, составен од анестезиолози и хирурзи.

Ним им беше овозможена и континуирана психолошка поддршка од клинички психолози и психијатри, со цел да им се олесни процесот на закрепнување“, беше соопштено.