ДПМ го прошири членството со пет автор(к)и

38

Друштвото на писателите на Македонија во изминатиов период го прошири своето членство со пет современи автор(к)и, кои на различни начини се одликуваат со своето творештво и со своите активности во областа на книжевноста: Митко Гогов, Искра Донева, Симона Јованоска, Хана Корнети и Милчо Мисоски.

Митко Гогов (1983, Скопје) пишува поезија, кратки раскази, есеистика и публицистика. Тој е организатор на фестивалот „100.000 поети за промена“. Ги има објавено збирките песни „Ледена вода“(2014), „Скриено писмо“(2019), „Линијар [бројки]“(2021) и „Бог на ба(к)терии“(2024).

Искра Донева (1983, Скопје) е авторка е на трудот „Конфликтот на интерпретациите и разбирањето на наративните текстови“ (2018) и хаику поезијата: „Татко“ (2013), „Скакулче игра плочка“ (2013), „Лазарополски хаикуа“ (2013), „Калеидоскоп“ (2015).

Симона Јованоска (1985, Гостивар), има објавено една збирка раскази, една книга за деца („Градот Вабу и потрагата на Нави“, 2022), и два романи: „Денот на црвот“ (2021) и „Леска Брезоска“ (2024). Добитничка е на наградата „Роман на годината“ за „Денот на црвот“.

Хана Корнети (1992, Скопје) ги има објавено збирката раскази „Млечни заби“ (2021) и романот за деца „Илина и шумските тролови“ (2023). Добитничка е на прва награда за театарско сценарио во 2019 г.

Милчо Мисоски (1972, Струга) бил добитник на наградата „Млада Струга“ на СВП во 1992 г. и на други награди и признанија во земјава и во странство. Автор е на седум збирки поезија, од кои актуелна е „Зборови од хартија“ (2024).