„Купив тротинет и го притиснав копчето“: Ликвидаторот на Кирилов детално објаснил како го извршил убиството/ВИДЕО

1534
Фото: screenshot X NEXTA @nexta_tv

Генералот Кирилов беше убиен вчера во експлозија пред зградата во која живеел, кога беше активиран експлозив во електричен тротинет. За убиството е осомничен 29-годишен Узбекистанец, кој полицијата брзо го уапсила.

„Дојдов во Москва по наредба на украинските специјални сили. Кога пристигнав, купив електричен скутер, а по неколку месеци пристигнаа компонентите за експлозивната направа. Јас ги презедов“, вели на видеото младиот човек кој е осомничен за убиството.

Младиот човек раскажал како „склопил се“ и како ја поставил експлозивната направа на влезот од зградата во која живеел Игор Кирилов.

„Кога излезе, го притиснав копчето. Зошто го направив тоа? Ми понудија 100.000 американски долари и ЕУ пасош“, тврди младиот човек на снимката.

Неговото сведочење целосно не се совпаѓа со соопштението на ФСБ, во кое се наведува дека осомничениот изнајмил автомобил во кој поставил Wi-Fi камера, за да можат нарачателите на ликвидацијата да следат кога Игор Кирилов влегува и излегува од зградата.

Нарачателите на убиството, според тоа соопштение, го притиснале копчето кога на видеото во живо го виделе Кирилов како излегува од влезот.

Игор Кирилов беше убиен во 6.12 часот на 17 декември пред неговата зграда во Москва. Со него загина и неговиот помошник.

Претседателот на Русија, Владимир Путин, не се огласи се уште по ликвидацијата на рускиот генерал Игор Кирилов.