Многу области ќе бидат зафатени од многу неповолни временски услови, во форма на силен ветер и обилни врнежи. Во текот на следните 24 часа, центарот на овој циклон ќе се движи северно од Британските острови. Воздушниот притисок ќе падне на вредности далеку под нормалата. Циклонот ќе донесе силни и бурни ветрови, понекогаш и повеќе од 100 km/h, со многу обилни и обилни врнежи од дожд во поширокото подрачје на Ирска, Велс, Англија и Шкотска.
Огромни бранови ќе ги погодат крајбрежните области. Одредени области ќе бидат зафатени и од поплави со оглед на тоа дека ќе наврнат од 50 до 100 литри дожд на метар квадратен. Во текот на среда и четврток циклонот ќе го продолжи патувањето низ Норвешкото море и ќе засили.
Се очекува „експлозија“ на циклонот над Норвешкото море, со пад на воздушниот притисок до 950 милибари. Оваа есен ќе донесе бури слични на урагани во Норвешкото Море и крајбрежните области на Норвешка, додека обилните врнежи ќе навлезат во внатрешноста на Скандинавија.
Овој циклон со својот центар ќе го погоди западниот брег на Норвешка. Над Норвешкото море се очекуваат урагански ветрови со брзина од 180 км/ч, со бранови високи до 20 метри, додека ветришта од 120 км/ч, локално до 150 км/ч, со огромни бранови ќе го погодат крајбрежјето на западна и југозападна Норвешка. Во крајбрежните места се очекуваат над 200 литри дожд, а на планините до два метри снег.
Снегот ќе биде пропратен со засилен ветер и наноси. До крајот на неделата северна и северозападна Европа под влијание на циклонска активност ќе бидат под влијание на многу обилни врнежи, дожд, снег и силен и бурен, ветровит и урагански ветар. Овие невреме нема директно да влијаат на времето во Македонија, но се очекува влошување на времето во петок, со засилен северозападен ветер.
Забележливо постудено ќе биде викендов со наплив на постудени воздушни маси од Атлантикот и Алпите. Тогаш се очекуваат врнежи на границата меѓу дожд и снег. На почетокот на следната недела снег се очекува во многу пониски региони на Македонија.