Спектакуларна предновогодишна забава „Аеродром пулсира vol.3”

283

Општина Аеродром и „Џевахир мол“ – Скопје ве покануваат на незаборавна предновогодишна забава в сабота со почеток во 18:30 часот, која ќе се одржи на платото пред трговскиот центар, каде што ќе настапат врвни македонски ѕвезди.

– Четиричасовната музичка програма е приспособена за сите генерации и за сите музички вкусови. Вечерта ќе ја отворат легендарните Игор Џамбазор и Гуру Харе со своите безвременски музички дела. Потоа Тони Зен, кој е една од најголемите рап-ѕвезди во Македонија и во регионов, ќе ја раздвижи публиката, а по него ќе настапат Пајак и Лара, чии хитови помладата генерација секогаш ги пее во еден глас. Ѕвезда на вечерта ќе биде неверојатната и единствена Каролина Гочева, која со својот прекрасен вокал ќе внесе посебна магија во предноводишното шоу – најавуваат од Општина Аеродром.

Оттаму додаваат дека, покрај настапите на овие врвни музички имиња, ќе има и голем број изненадувања за присутните и дека целиот настан ќе заврши со величествен огномет, со што ќе се одбележи успешната 2024 година, со надеж дека доаѓа уште подобра 2025 година за сите граѓани.