Австрискиот тенисер Јерген Мелцер, смета дека најдобриот тенисер на денешницата Србинот Новак Ѓоковиќ, може многу да направи во следната сезона. Што се однесува до грен слем титулите, Австриецот смета дека Ѓоковиќ ќе се бори за се, но дека треба да биде „поинтелигентен“.
“Новак ќе се бори за сите грен слем титули во 2025 година. Сега мора да тренира поинаку и поинтелигентно отколку кога имаше 30 години. Мора добро да избере во кои сегменти да се подобри. Не смее повеќе да претерува со тренинзите. Тоа е причината зашто го донесе Енди Мареј за тренер затоа што минува низ ваква ситуација во последните години на грен – слем турнирите, затоа нема да му биде страшно ако загуби порано на турнирите од мастерс серијата“, изјави Австриецот.
Тој го пофали Енди Мареј, кој е нов тренер на најдобриот српски тенисер.
“Тоа ќе биде исклучително добро за тенисот. Ќе донесе огромен интерес, но може да му помогне и на Ѓоковиќ. Дури и тој може да научи нешто ново. Има малку тенисери кои имаат толку високо ниво на интелигенција како Мареј. Прашањето е кој го прави тоа. Новак е некој со кого би можел да разговара на рамноправна основа и тоа може да го направи ова партнерство многу успешно“, заклучи Мелцер.
Мелцер во 2011 година како осмо рангиран тенисер во светот победи против Ѓоковиќ само еднаш во четири одиграни дуели. Сепак, Ролан Гарос во 2010 година остана горчливо сеќавање кога Србинот го претрпе еден од најтешките порази во кариерата, губејќи од Мелцер откако имаше речиси сигурна победа во рацете.
Српскиот тенисер водеше со 2:0 во сетови и имаше брејк предност, но не можеше да ја заврши работата. Австриецот успеа да направи пресврт во мечот и да победи со резултат 3:2, со што Ѓоковиќ го заврши настапот на турнирот, а во една прилика призна дека заплакал поради тој пораз.