Моментално, играчите на каталонскиот гигант Барселона играат навистина одличен фудбал, а секако голема заслуга за тоа има и нивниот тренер Ханси Флик.
Барселона моментално е на првото место во Ла Лига, што значи дека е пред Реал (М), а се наоѓа и меѓу осумте најдобри на табелата во Лигата на шампионите.
Клупските челници веќе со месеци кројат планови за доведување на нови фудбалери во јануари, а во очи им падна посебно едно име.
Како што пренесуваат новинарите на „TeamTalk“, Барселона е подготвена да му понуди двајца фудбалери на лондонскиот премиерлигаш Челзи за да го доведе играчот од средниот ред, Енцо Фернандез.
Челниците на Барселона се подготвени да ги испратат Френки де Јонг и Феран Торес на „Стемфорд Бриџ“, се со цел аргентинскиот интернационалец од редовите на Челзи да биде дел од нивната соблекувална.
Фернандез е едно од најскапите засилувања во историјата на Премиерлигата, откако пред речиси две години пристигна во Челзи за 107 милиони фунти.
Во Барселона се надеваат дека ќе можат да го избегнат обештетувањето, а тоа сакаат да го направат со испраќање двајца играчи во Лондон и се надеваат дека размената ќе им се допадне на челниците на Челзи.
Де Јонг и Торес беа купени за околу 115 милиони фунти, очигледно повеќе од она што Челзи го плати за Енцо Фернандез кога пристигна од Бенфика.
Сепак, сега Де Јонг вреди околу 50 милиони фунти, додека Торес се проценува дека вреди околу 25 милиони фунти.
На почетокот на сезоната, Енцо Фернандез беше „закован“ за резервната клупа и ја следеше играта на Ромео Лавија и Мојсес Каиседо.
На последните шест натпревари, Енцо Фернандез постигна три гола и забележа шест асистенции во сите натпреварувања.