Санкционирани 155 непрописно паркирани возила

15

Јавното претпријатие „Паркинзи на Општина Центар’ во соработка со сообраќајната полиција, во периодот од 09.12. до 15.12.2024 година, со помош на специјалните возила „пајак“ отстраниле 155 непрописно паркирани возила кои го попречувале нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

ЈП ПОЦ и Општина Центар континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка, со цел да се доведе во ред сообраќајниот хаос и проблемот со непрописното паркирање на комерцијалните и резидентните паркиралишта и улици.