„Тажен сум, Милан не ме покани на прославата на 125 роденден“

208

Звонимир Бобан, поранешен долгогодишен играч, а подоцна и спортски директор на Милан, ја коментираше прославата за 125-годишнината од формирањето на калчо гигантот, која се одржа во неделата за време на натпреварот против Џенова на „Сан Сиро“. Во исто време, легендарниот капитен на Хрватска откри дека не бил поканет на прославата за годишнината.

„Тим што испиша историја; Милан е историја, величествен и фантастичен клуб. Штом ќе разберете колку е елегантен и колку победнички дух носи, никогаш не можете да се одделите од тие бои. Јас не сум роден како навивач на Милан, но кога ме контактираа, татко ми веднаш ми рече да одам таму“, изјави Бобан и додаде:

„Чувствував, чувствувам и секогаш ќе чувствувам голема љубов кон овој клуб, кој, за жал, не ме покани на прославата на 125-годишнината. Не е важно. Тажен сум поради тоа, но без горчина го кажувам ова: Ќе славам 125 години од клубот и сум горд што бев дел од неговата историја“.

Бобан играше во Динамо (З) пред да потпише за Милан во 1991 година и беше нивни играч во следните десет години. Во тој период ја освои Лигата на шампионите, четири пати беше шампион во Серија А, три пати Суперкупот на Италија и еднаш Суперкупот на УЕФА.

Хрватот ги затегна односите со клубот откако беше разрешен од функцијата спортски директор. Бобан го тужеше Милан за отштета откако беше отпуштен од директорската функција во март 2020 година, а на таа позиција тој помина девет месеци.

Во првата постапка судот одлучи што му припаѓа на Бобан по отказот и донесе одлука дека клубот мора да му плати 5.375.000 евра. Од нив 4.125.000 евра паднале за материјална, а 1.250.000 за нематеријална штета, плус камати и ревалоризација и 843 евра трошоци и 51.450 евра за адвокатски трошоци.

Милан се жалеше на таа одлука, а судот во Милано во втората постапка ја намали казната на околу 4,2 милиони евра, па Бобан мораше да ја врати веќе исплатената 1,2 милиони евра разлика. Но, Бобан се жалел на таа одлука и победил, па Милан мора да ги врати споменатите 1,2 милиони евра кои му ги дал на клубот на второстепениот суд.