Поради парични долгови, можно е Жељко Бебек да оди во затвор

1452

Поштарот неуспешно се обидел да му ја достави на Бебек извршната судска наредба со придружната документација. Излегува дека некогашниот и прв пејач на легендарната група „Бијело дугме“ успешно се крие!                        Поради неплатени сметки за потрошениот  гас, пејачот Жељко Бебек сега има голема мака со извршителите. Тие се намерачиле да му го одземат имотот доколку не ги намири долгот со каматите и другите трошоци во предвидениот рок.

Претходните недели (според „Империјал“), поштарот неуспешно се обидел да му ја достави на Бебек извршната судска наредба со придружната документација. Излегува дека некогашниот и прв пејач на легендарната група „Бијело дугме“ успешно се крие.

Меѓутоа, проблемот настанал поради тоа што стигнало решението на адресата во населбата Максимир во Загреб, каде што повеќе не живее тој. Тоа е станот во кој живееше со поранешната втора сопруга, Сандра, и со ќерката Бјанка. Сега живее со третата сопруга, Ружица, во луксузен стан со шест соби, кој го купи во 2018 година.

Бидејќи долго време не можеле да го најдат на новата адреса, случајот завршил на суд.

Градската рафинерија за гас ја повела постапката, која потоа, на 2 октомври годинава, ја добил загрепскиот нотар (И.Т.). Градското претпријатие за гас во постапката го застапува директорот (Ј.Т.), кој е потписник на документот, на решенијата од деловните книги, според кои пејачот должи за потрошениот плин од декември 2023 година.

Во документот со кој се бара предлог за извршување, пишува дека Бебек „не го намирил достасаното побарување, па поради наплата на побарувањата на градското претпријатие за гас од веродостојната исправа и трошоците на оваа постапка, се предлага заплена“.

Според тој документ, Бебек ѝ должи на гасната централа во Загреб 149,05 евра. Барателот очекува тој да го намири овој износ во рок од осум дена од денот на доставувањето на решението за конфискување, заедно со пресметаните трошоци на постапката во износ од 25 евра. Има за плаќање и зголемена законска казнена камата, која тече од денот на конфискувањето до исплатата. На пејачот му биле пресметани и трошоците за основната постапка, кои изнесуваат 25 евра без камата, кои, исто така, мора да ги плати во тој рок.

Во документот наводно стои дека доколку не плати, имотот ќе му биде конфискуван согласно со одредбите од законот. Сепак, сите се надеваат дека Бебек има толку пари  и дека ќе ги намири финансиските долгови. Инаку, би можел да заврши во затвор доколку не успее да го расчисти сето тоа со пари.