Изминатиот викенд отстранета голема дива депонија на улицата „Цетинска“

13

Јавното претпријатие Комунална Хигиена, изминатиот викенд расчистило голема дива депонија лоцирана на улицата „Цетинска“ во општина Бутел. Воедно, екипите на претпријатието подигнале и транспортирале приближно 60 кубни метри кабаст, мешан комунален и градежен отпад одложени на јавна и тревна површина.

-Во рамките на активностите беа употребени и специјалните возила – багер, патарки и рол-кипер. Улицата „Цетинска“ во општината Бутел претставува „црна точка“ каде што ЈП Комунална Хигиена континуирано се соочува со непрописно одлагање отпад, со што значително се загадува животната околина – потенцираат од претпријатието.