Гоце Трајковски е недостапен да сведочи во случајот со убиството на Вања и Панче

183

Во Кривичен суд денеска продолжи судењето за убиството на Вања Ѓорчевска и Панче Жежовски со испитување на сведоци, а еден од сведоците требаше да биде Гоце Трајковски. Но, тој останува недостапен за органите на прогонот.

Пред почетокот на денешното рочиште за двојното убиство, обвинителката Жаклина Крстевска се изјасни дека не можат да го обезбедат сведокот Гоце Трајковски, кој може да биде клучен во истрагата бидејќи тој ги обезбедил клучните снимки од возилото на Панче Жежовски со кое беше грабната Вања Ѓорчевска.

Обвинителката го информираше судијата Ивица Стефановски дека лицето не се наоѓа на пријавената адреса.

„Овој суд ќе се обиде исто така да го обезбеди Трајковски. Јас ќе се обидам да направам барање од судот. Ако не успееме и ние, тогаш ќе бараме да се прочита неговиот исказ даден во Обвинителството“, рече Стефановски на денешното судење.

Денеска покрај Трајковски, треба да сведочат Елвис Ибрахим и Тодорче Георгиевски.