ВРЕМЕНСКИ РОЛЕРКОСТЕР: Следната седмица ќе започне со убаво време, па ќе следи голема промена

66

Во периодот од утре па се до четврток, во Македонија следува период на стабилно, суво и многу посончево време. Во понеделник ќе засилува ветерот од северен правец, особено Долж Повардарието, прогнозира Попоски.

Наутро ќе биде студено со ниски температури кои на повеќе места ќе се спуштаат под нулата, а особено на високите места и на планините тие во почетокот на новата седмица ќе се спуштаат близу -10 степени, постои можност тие во споменатите места локално да се спуштат и под -10 степени, особено на оние поголеми надморски височини.

Максималните дневни температури пак ќе бележат тенденција на пораст, особено од вторник до четврток кога ќе се искачуваат во интервалот од 7 до 15 степени. Сепак, од вторник до четврток по котлините особено наутро и претпладне, и повторно во ноќните часови ќе има појава на магла и на ниска облачност, па токму во споменатите места температурата преку ден ќе остане пониска.

Нова голема промена на времето како што најавив следува од петок (20 Декември) па натаму кога ќе бидеме под влијание на нов ладен и влажен воздушен бран кој ќе услови нови пообилни врнежи од дожд, снег, северен ветер, како и зголемување на постојаната снежна покривка на планините и на Скијачките центри. Одсега гледано, овој ладен бран ќе донесе повремен снег и во пониските места, вели метеорологот.