Израел ја затвора амбасадата во Ирска поради „антиизраелска политика“

79

Израел ќе ја затвори својата амбасада во Даблин поради „екстремната антиизраелска политика на ирската влада“, се вели во соопштението на министерот за надворешни работи, Гидеон Сар.

– Треба да се напомене дека во минатото израелскиот амбасадор во Даблин беше отповикан по едностраната одлука на Ирска да ја признае палестинската држава – се наведува во соопштението.

Во соопштението за печатот се истакнува дека минатата недела Ирска објави дека ја поддржува тужбата на Јужна Африка против Израел пред Меѓународниот суд на правдата, обвинувајќи го Израел за геноцид.

Ирскиот премиер Сајмон Харис рече дека одлуката на Израел да ја затвори својата амбасада во Даблин е „за длабокo жалење“.

– Оваа одлука на владата на Нетанјаху е длабоко жалење. Целосно го отфрлам тврдењето дека Ирска е антиизраелска. Ирска е за мир, за човекови права и го почитува меѓународното право – рече тој во објава на платформата „Х“.