Индискиот шахист Гукеш Домараџу (18) стана најмладиот светски шампион во шах, откако во последниот меч од нивната серија во Сингапур го победи бранителот на титулата, Кинезот Динг Лирен.
Домараџу има 18 години и го надмина Русинот, Гари Каспаров кој имаше 22 години кога ја освои светската титула. Индиецот стана шаховски велемајстор на 12 години, а во финалниот меч влезе како најмлад предизвикувач откако го освои кандидатскиот турнир на почетокот на годинава.
„Сонував за овој момент во последните десет години. Среќен сум што го остварив мојот сон“, изјави Домараџу по натпреварот.
Тој е вториот Индиец кој ја освоил светската титула, по петкратниот светски шампион Вишванатан Ананд.