Медени новогодишни елки – рецепт за вашата празнична трпеза

51

Мирисот на цимет, ванила, чоколадо, мед и портокал е поврзан со зимата и празниците. Медените новогодишни елки ќе ја комплетираат вашата празнична трпеза.

Состојки:

2 јајца

100 гр шеќер

1 лажица мед

1 кесичка ванилин шеќер

50 мл млеко

50 мл масло

120 гр брашно

1 лажица какао во прав

1/2 кесичка прашок за пециво

2 прстофат сода бикарбона

1/2 лажичка цимет

1 лажичка рендана кора од портокал

Декорација:

70 гр темно чоколадо

1 лажица масло

солени стапчиња, шарени монистра по избор

Подготовка:

Јајцата и шеќерот се матат додека не станат пенасти.

Измешајте го медот, ванилин шеќерот, маслото и млекото.

Измешајте ги брашното, какаото, прашокот за пециво и сода бикарбоната и просејте.

Додадете во претходно изматената смеса.

Зачинете со цимет и кора од портокал.

Плех од 20*30 см обложете хартија за печење и истурете ја смесата.

Се пече во загреана рерна на 160 степени околу 25 минути.

Изладениот бисквит исечете го на 12 триаголници.

Чоколадото растопете го на ниска температура со додавање масло, изладете го и истурете во кесичка за прелив.

Исечете го врвот и украсете ги елките.