На 5 декември Копаоник прв во Србија ја започна скијачката сезона, Стара планина  го стори тоа на 13 декември, а до крајот на месецот се очекува жичарниците да бидат пуштени и на Торник на Златибор. Со споредба на цените на ски картите во Копаоник, Стара Планина, Златибор, Јахорина, Колашин, Банско, Крањска Гора и Мариборско Похорје, најевтините ски карти во регионот се на црногорскиот Колашин, потоа Стара Планина и Златибор.

Дневна ски карта за возрасни на Колашин чини 25 евра, а за деца 16,5 евра, објави српски Данас. На Стара Планина пак, и на Златибор за едносдневно скијање треба да се одвојат 26 евра за восрасни, а за деца 21 евро.

Мариборско Похорје е најголемиот скијачки центар во Словенија и е познат по одржувањето на трката во алпско скијање „Златна лисица“ од Светскиот куп. Ски-центарот е модерен со нови ски лифтови и има малку повеќе од 40 километри скијачки патеки. Во овој ски-центар дневниот билет чини 41 евро за возрасни и 24 евра за деца.

Копаоник, Банско и Јахорина имаат поскапа дневна ски карта од Мариборски Похорје, иако имаат поголем капацитет од овој словенечки ски центар, но се далеку од словенечкиот стандард.

Најскапата дневна ски карта е во Банско (чини 49 евра), додека најскапите дневни ски карти за деца од шест до 12 години имаат Копаоник и Јахорина, кои се единствените во регионот кои чинат повеќе од 30 евра. На Копаоник билет за деца е 35 евра, а на Јахорина 37 евра.

Кога станува збор за тридневната ски карта за возрасни, ситуацијата е слична. Најприфатливи се Колашин, Стара планина и Златибор, а ски картата за три дена најмногу чини во Банско, Крањска Гора и Копаоник. Јахорина и Копаоник повторно доминираат во регионот по цена на ски карта за деца, а таа е повеќе од 80 евра за три дена во овие ски центри. На пример, во Мариборски Похорје чини 59 евра.

Петдневната ски карта за возрасни е најскапа во Крањска Гора (чини 192 евра) и Копаоник (чини речиси 170 евра), а детската во Јахорина (134,5 евра) и Крањска Гора (121 евро).