Тимот на Еурофарм Пелистер го совладаа Вардар со 35:33 (22:13) во рамките на 15. коло на ракометната Суперлига. Пелистерци имаат за што да жалат, бидејќи на полувреме заминаа со девет гола предност, а потоа дозволија гостинот да се врати и да се бори за бодовите. Оваа победа не беше и доволна за шампионот да стекне подобар меѓусебен дуел од ривалот.
Во победничкиот тим најефикасен беше Богдан Радивојевиќ со 13 гола, а Филип Кузмановски даде 8 гола. Во екипата на Вардар најефикасен беше Крсманчиќ со девет голови.