За само два дена нè очекува полна месечина во Близнаци (15 декември), многу предизвикувачки астролошки период кој носи избрзани потези. Бидејќи полната месечина ќе им се придружи на ретроградните Марс и Меркур, астролозите се согласуваат дека овој период негативно ќе влијае на одредени знаци.
Близнаците и Лавот имаат големи шанси да банкротираат во следните седум дена.
Ретроградното влијание на планетите ќе се одрази негативно на сите знаци, но некои ќе бидат под силно влијание на Марс и Меркур, па ќе направат погрешни финансиски потези.
Лавовите и Близнаците се на удар во неделата што претстои до 20 декември.
БЛИЗНАЦИ
Со денови правите непромислени движења и непромислени купувања. Поради ова, лесно можете да останете без пари, бидејќи немате јасна претстава како тоа ќе влијае на вашите финансии.
ЛАВ
Бидејќи Меркур е ретрограден до 17 декември, вие постојано правите погрешни инвестиции. Дури по 17 декември ќе сфатите колку сте згрешиле во претходниот период.