Сочно и кремасто, а најдоброто од сѐ – посно! Неодоливо тирамису, во ништо не заостанува зад оригиналот

54

Посната верзија на познатиот италијански десерт се прави многу лесно, а вкусот е феноменален.

Тирамису е познат италијански десерт, лесен и освежителен. Постои и негова посна верзија, во која се користи растителна слатка павлака.

Состојки:

200 мл масло
1,5 чаши вода
450 гр брашно
320 гр шеќер
1 лажичка сода бикарбона
1 лажичка ванилин шеќер

За полнењето:

1 посен маргарин
200 мл билна слатка павлака
6 лажици шеќер во прав
1 лажичка какао во прав
3 капки рум
За сирупот
300 гр шеќер
300 мл вода
2 лажички инстант кафе
100 мл рум
За глазурата
250 гр чоколадо за готвење
1 лажица шеќер
4 супени лажици вода

Подготовка:
Загрејте ја рерната на 180 степени. Во еден сад измешајте вода, масло, сода бикарбона, шеќер и ванилин шеќер, па истурете го брашното и изматете. Префрлете ја смесата во плех обложен со хартија за печење. Печете околу половина час, во рерна загреана на 180 степени. Изладената кора поделете ја на 2 дела.

Посебно изматете го маргаринот на собна температура додека не стане пенеста, а потоа додадете билна слатка павлака. Изматете сè за добро да се соединат состојките. Додадете какао, рум и какао во прав и измешајте со миксер. Растворете го шеќерот со вода, потоа додадете кафе и измешајте. Во изладениот сируп додадете рум.

Во калапот ставете ја кората, прелијте ја со сирупот и потоа прелијте ја со подготвениот фил. Постапката повторете ја со другата кора.

Се мешаат водата и шеќерот, па се додава чоколадата и се вари со постојано мешање на умерена температура. Покријте го колачот со чоколадна глазура и посипете со какао во прав. Оставете во фрижидер да се излади и стегне.