Се поставуваат типски куќи за ромските семејства во населбата Света Недела

38

Во штипската населба Света Недела се поставуваат 40 типски куќи за домување на жителите, кои привремено беа сместени во старото нервно одделение на булеварот „Партизанска”.

Активностите се спроведуваат со средства од Европска комисија преку Делегација на Европска Унија во Македонија.

-До крајот на оваа година ќе завршиме со поставувањето на објектите на предвидената локација, која беше инфраструктурно уредена со пари од буџетот на Општина Штип. Ова е уште еден чекор до урбанизација на трасата на булеварот „Партизанска”, со што ќе добиеме директно сообраќано поврзување и мерлив економски развој – истакна градоначалникот на Општина Штип, Иван Јорданов