Хармоникашот Мишел Трајковски  во дует со актерката Јана – песната „Весник“ за новогодишното расположение

37

Познатиот македонски хармоникашот Мишел Трајковски и познатата глумица Јана Стојановска имаат нова заедничка песна која е со интересен наслов „Весник“. Како што е и интересна оваа спојка на овие двајца уметници, едниот од музиката, другата од глумата. Во секој случај и двајцата допираат до срцата на публиката.

Видеозаписот за „Весник“ е снимен на неколку препознатливи локации низ Скопје, доловувајќи ја убавината и магијата на македонска метропола. Песната праќа порака за љубов, носталгија и животните раскрсници,  со впечатливи визуелни елементи и моќните изведби на Мишел и Јана.

Нивната интересна соработка го истакнува нивниот талент  со кој создадат нешто необично интересно и убаво и за гледање и за слушање. Песната „Весник“ е на добар пат да стане хит, а особено сега во овие празнични денови кога е пожелно многу повеќе да ја слушаме македонската музика, бидејќи има што да се слуша и со што новогодишно-божиќно да се празнува.  Музиката, текстот и аранжманот за „Весник“ се на талентираниот Мишел.    Д.М.