Основното јавно обвинителство, постапувајќи по наредба на полицијата, обезбедило два запсиника заради проверка на евентуално сторено кривично дело. Станува збор за предистражна постапка на МВР отворена по допрен глас, по наводите на премиерот Христијан Мицкоски и на пратеникот Антонио Милошовски за фалсификување записници со цел продолжување на мандатот на поранешната претседателка, Весна Дамва. Од собраниската говорница, премиерот посочи дека до него стигнале документи за фалсификување записници од страна на членовите на Советот и повика Обвинителството да ги истражи овие случаи.
Од Судскиот совет, преку соопштение, велат дека не бил извршен претрес во Судскиот совет, туку дека се постапувало по барања на ОЈО. Додаваат дека соработуваат со истражните органи. Поранешната претседателка, Дамева, во својата оставка го повика Мицкоски, ако има докази за фалсификувани записници, да ги предаде во Обвинителството, во спротивно, јавно да му се извини на Советот.