Одборот за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев- Јасмин“, на седницата одржана на 15.11.2024 година, донесе Одлука за доделување на државната награда „Мито Хаџи Василев-Јасмин“ за 2024 година за остварувања во областа на публицистиката и новинарството од интерес на Република С. Македонија.
За остварување во областа на публицистиката, државната награда ја делат: Иван Антоновски, публицист и Делвина Крлуку, публицист.
Државната награда за остварување во областа на новинарството ја делат: Атанас Костовски, новинар и Љупчо Јолевски, новинар.
Наградата ќе им биде врачена на добитниците на 21 декември 2024 година (сабота) во 10:30 часот, во свечената сала на Собранието на Република Северна Македонија.