Немаа шанси наспроти прецизните удари: Израелците објавија снимка од нападот на сириската морнарица/ВИДЕО

210

Израелските одбранбени сили денеска објавија видео од нападот на сириската морнарица.

Како што претходно беше најавено, израелските сили ги започнаа овие напади по падот на Башар ал Асад, за да не паднат складиштата за оружје и муниција во рацете на терористичките групи и џихадистите.

„Во рок од 48 часа, ИДФ ги нападнаа повеќето складишта за стратешко оружје во Сирија за да спречат да паднат во рацете на терористичките групи“, се вели во објавата на ИДФ на платформата X.

„Оваа снимка е направена од перспектива на муницијата што била насочена да ги погоди овие цели“, се вели во соопштението на ИДФ што ја придружува снимката.