Главниот сведок во случајот за убиствата на Вања и на Панче е во бегство, осомничен е за тешко кривично дело

110

Скопскиот обвинител Гаврил Бубевски на денешниот брифинг со новиниарите откри дека Гоце Трајковски, главниот сведок за поврзаноста на убиствата на 14-годишната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, всушност е во бегство.

Трајковски се бара со потерница за тешко дело подметнување пожар на 13 ноември со кое што го загрозил животот на станарите во зградата во скопската населба Кисела Вода, каде што е осомничен дека со уште две лица запалил кафуле на приземјето.

Другите двајца се во притвор, а по Трајковски сè уште се трага. Со оглед на тоа што неколку пати судот го повикува да сведочи за убиството на Вања и Панче, а него го нема да се појави, Бубевски кажа дека ако не го најдат органите на прогонот, неговата изјава дадена во истрагата ќе биде прочитана на едно од наредните рочишта во Кривичниот суд.