Поранешниот светски шампион во велосипедизам, Рохан Денис, кој освои титули во 2018 и во 2019 година, се изјасни за виновен за сообраќајната несреќа во која загина неговата сопруга Мелиса Хоскинс (32).
Мелиса почина на 30 декември 2023 година откако беше удрена и влечена неколку метри од возило управувано од Денис, пред нивниот дом во Аделаида.
Денис беше на условна слобода, обвинет е за убиство од небрежност со опасно возење и се соочува со максимална казна од седум години затвор.
Во извештајот се вели дека Денис, кој беше во брак со Мелиса од 2018 година, признал дека „го возел автомобилот додека била таа во непосредна близина, знаејќи дека таквата постапка, најверојатно, ќе предизвика повреда или дека бил рамнодушен дека тоа ќе предизвика повреди“.