Трагичен инцидент во Нови Сад: Почина девојче по пад од третиот кат

82
Тринаесетгодишно девојче почина по пад од третиот кат на улица Ѓурѓе Бранковиќ во Нови Сад.
Како што информира портпаролот на Заводот за ургентна медицина на Нови Сад д-р Зоран Круљ за 021.рс лекарската екипа интервенирала по прв приоритет.
„Девојчето со политрауматски повреди, во хемодинамска нестабилна состојба, по згрижувањето е пренесена на детска хириругија“, наведува тој.
Според неофицијални сознанија од полицијата на порталот, девојчето починало во болница.
Полицијата изврши увид на местото на несреќата, а телото е однесено на обдукција.