Силен циклон од Атлантикот ќе го погоди и Балканот

1234

Силен циклон кој тргна од Атлантскиот Океан предизвика сериозни невремиња во Северозападна и Западна Европа. Најмалку едно лице загина во Британија, а повеќе од половина милион луѓе останаа без електрична енергија.

Во саботата циклонот донесе оркански ветрови и обилни дождови во Ирска, Шкотска, Англија, Велс, Холандија, Белгија и Франција, со брзини на ветрови кои достигнаа до 120 км/ч.

Циклонот ќе го погоди и Балканот. Во Далмација, Херцеговина и јужниот дел на Црна Гора, се очекуваат врнежи од над 150 литри дожд на квадратен метар, со опасност од поплави. Обилни снежни врнежи ќе ги зафатат Словенија и Горски Котар, а силни ветрови ќе предизвикаат навеви и снежни наноси.

Во Македонија, особено во западните и југозападните региони, се очекуваат зголемени врнежи и локални грмотевици. Во повисоките места може да се јави снег, додека во ниските ќе доминира дожд.