Веќе со години најдобриот голфер во историјата и еден од најголемите спортисти на сите времиња, Тајгер Вудс (48), е омилена тема во спортските медиуми, но не поради маестралните остварувања во кариерата туку поради лудориите надвор од голф терените.
Поранешниот голфер, роден 1975 година, се здоби со спортска слава на рана возраст, почна да се „подига“ на средината од деведесеттите и не му требаше многу време за да стане заштитно лице во својот спорт. Стана најмладиот што освоил мастерс, има дури 15 големи титули во кариерата и е најуспешниот голфер во историјата, но скандалите во приватниот живот и повредите го принудија да се пензионира неколку пати.
Поради сето ова, неодамна беше снимена неговата животна приказна. Ејџ-би-о објави документарен филм наречен „Тигар“ во кој го прикажува големиот успех на Вудс, потоа неговиот брз пад, но и неговото враќање на голф терените. Но, во документарецот се појавува и жената што своевремено му беше љубовница, па имаше што да раскаже во филмот. Станува збор за Рејчел Учител, која призна дека имала сексуални односи со Вудс во 2009 година, додека бил во брак со Елин Нордегрен.
- Тој беше во мојот кревет и беше мојот тигар – открива Рејчел во филмот.
Инаку, во еден поткаст, долго зборуваше за нивната авантура, која му го „уништи“ животот.
- Тајгер Вудс освојува турнири и награди. Може да падне, но повторно се крева и луѓето сакаат да навиваат за него. Но, жените не добиваат многу, туку само се вклучени во скандалот, и не е фер тоа. Беше навистина тешко да слушам десет години како зборуваат луѓето секакви работи за мене. Некои луѓе зборуваат за мене како да ме познаваат, а не е вистина тоа. Тоа е тежок живот. Затоа решив да проговорам – истакна љубовницата на Вудс.
Инаку, Вудс стана првиот спортист во историјата што заработил повеќе од милијарда долари, но, како што истакнуваат во документарецот, неговата сексуална ненаситност му го отежнала животот и го спречила да биде уште подобар. Тој отиде дотаму што и објасни на својата сопруга Елин дека е зависник од секс. На крајот, таа се разведе од него.
Швеѓанката беше во брак со него од 2004 до 2010 година и тие ја имаат ќерката Сем Алексис.