Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека употребата на хиперсонична балистичка ракета Орешник во војната во Украина е обид да се натера Западот да разбере дека Москва е подготвена да ги искористи сите средства за да се осигура дека нема да биде нанесен „стратешки пораз“.
„Пораката е дека вие – мислам на САД и сојузниците на САД, кои исто така му доставуваат оружје со долг дострел на режимот во Киев – мора да разберете дека ќе бидеме подготвени да ги искористиме сите средства за да ги спречиме да успеат во, како што го нарекуваат стратешки пораз на Русија“, рече Лавров во интервјуто со Такер Карлсон, водител близок на Доналд Трамп, емитувано синоќа на Х.
Испраќаме сигнали и се надеваме дека последниот сигнал, пред неколку недели, со новиот вооружен систем наречен Орешник… е сфатен сериозно“, додаде Лавров.
Лавров, исто така, рече дека за Русија е клучно Украина да не биде во НАТО бидејќи тој сојуз „не смее да биде на границите на Русија“.