epa10316682 Novak Djokovic of Serbia in action against Casper Ruud of Norway during the singles final of the Nitto ATP Finals 2022 tennis tournament at the Pala Alpitour arena in Turin, Italy, 20 November 2022. EPA-EFE/ALESSANDRO DI MARCO ITALY OUT

Трикратниот грен слем шампион и двократен олимписки победник Енди Мареј не планира да патува со Новак Ѓоковиќ на турнирот во Бризбејн, каде Србинот ќе ја започне новата сезона. Веста ја објави порталот „TennisUpToDate“.

Организаторите потврдија дека Ѓоковиќ ќе биде првата ѕвезда на турнирот што ќе биде и генерален тест за играчите пред Австралија опен.

Договорот меѓу Ноле и Мареј е постигнат пред да се направи стратегија за следната сезона, со фокус пред се на подготвителниот период, а потоа и на Австралија опен, каде Ѓоковиќ ќе се обиде да ја освои својата 11-та титула во сингл.