Ако некогаш сте почувствувале ненадејна болка во главата штом ќе зачекорите на студ, тоа не е изолиран феномен, или нешто што ви се случува само вам. Оваа непријатност има едноставно објаснување, а причината е во начинот на кој телото реагира на наглата промена на температурата.
Како што се соочувате со студнот, крвните садови во вашето лице и во главата брзо се стеснуваат за да ја зачуваат топлината. Меѓутоа, откако ќе се прилагодите, тие повторно се шират – што може да предизвика главоболка. Оваа состојба е позната како „студена главоболка“, и најчесто им се случува на оние кои имаат чувствителни синуси или мигрени. Уште еден поттикнувач може да биде вдишувањето на студен воздух, кој ги иритира нервите во носните патишта, испраќајќи сигнали на болка до мозокот.
Во вакви случаи можете да ги покриете глават аи носот со шал кога излегувате надвор и да се трудите да дишете преку нос за да го загреете воздухот пред да допред до вашите синуси. Оваа едноставна стратегија може да ви помогне да се ослободите од непријатниот проблем со нагла главоболка при изложеност на студ.