Суспендирани две стјуардеси на „Делта ерлајнс“, паднале на алкотест

59

Две стјуардеси на американската „Делта ерлајнс“ се отстранети од летот откако не го направиле алкотестот во Амстердам, соопштија официјални лица.

– Делта ерлајнс има строга политика за алкохол и имаме нулта толеранција за прекршоци. Вработените биле отстранети од должност, а летот тргнал според планираното, се вели во соопштението на авиокомпанијата, пишува ABC News (ABC News).

Членовите на екипажот биле распоредени на лет за Њујорк, кога во петокот, според информациите на авиокомпанијата и холандската полиција, им бил извршен алкотест, на кој потоа не поминале.

Холандската полиција соопшти дека на членовите на екипажот не им е дозволено да консумираат алкохол 10 часа пред летот.

Една стјуардеса е казнета со 1.900 евра затоа што нивото на алкохол во крвта и било седум пати поголемо од дозволеното, додека друга стјуардеса на истиот лет е казнета со 275 евра, соопшти холандската полиција.

Со 1.800 евра е казнета и стјуардеса од друга авиокомпанија, бидејќи имала 6,5 пати повеќе од дозволеното ниво на алкохол.