Малку е веројатно дека владата на премиерот Мишел Барние, ќе добие поддршка на парламентарното гласање за недоверба, иницирано од левичарските и екстремно десничарските партии.
При донесувањето на својата одлука, Барние „не ја послуша волјата на 11 милиони гласачи на Националното собрание“, тврди Марин Ле Пен.
„Тој вели дека сите треба да преземат одговорност и ние тоа и ќе го направиме“, додаде таа.
Во септември Макрон му го довери на Барние мандатот за формирање на француската влада.
Доколку неговата влада не успее да го преживее гласањето во средата, тој ќе остане премиер во технички мандат додека францускиот претседател не го објави името на новиот претседател.
Тоа може да биде влада со мнозинска поддршка во парламентот, што е малку веројатно поради несогласувањата во француското собрание, или технократска влада, која би ја водела земјата до следните избори, кои би можеле да се организираат следното лето.
Неколку партии бараат и распишување на нови, вонредни претседателски избори.
Доколку тоа не се случи, Емануел Макрон ќе биде претседател на Франција до 2027 година.