Трамп се заканува со „голема неволја“ на Блискиот Исток ако не бидат ослободени заложниците во Газа пред овој важен датум

125

Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп изјави во понеделникот дека ќе има „големи неволји“ на Блискиот Исток доколку заложниците кои ги држеше Хамас во Појасот Газа не бидат ослободени пред неговата инаугурација на 20 јануари.

За време на смртоносниот напад врз Израел во 2023 година, милитантите предводени од Хамас заробија повеќе од 250 луѓе, вклучувајќи ги и оние со двојно израелско-американско државјанство, според израелските податоци. Се верува дека околу половина од 101 странец или Израелец што сè уште се држат во Газа, се живи.

Трамп, без да бира зборови, на социјалните мрежи порача: „Ако заложниците не бидат ослободени пред 20 јануари 2025 година, кога со гордост ги преземам должностите на претседателот на САД, ќе има многу големи неволји на Блискиот Исток и за оние одговорни за овие злосторства против човештвото“.

„Одговорните ќе бидат погодени посилно од кој било во долгата и легендарна историја на Соединетите Американски Држави“, додаде тој.

Хамас повика на прекин на војната и целосно повлекување на Израел од Газа како дел од договорот за ослободување на преостанатите заложници. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, изјави дека војната ќе продолжи се додека Хамас не биде целосно уништен и не престане да претставува закана за Израел.

Во понеделникот Хамас објави дека 33 заложници биле убиени за време на речиси 14-месечната војна во Газа, без да ја наведе нивната националност. Израел ја започна војната откако борците предводени од Хамас ги нападнаа израелските заедници на 7 октомври 2023 година, убивајќи 1.200 луѓе, според израелските податоци.

Во израелската воена офанзива загинаа повеќе од 44.400 Палестинци, а поголем дел од населението во Газа беше раселено, соопштија властите во Газа. Големи делови од енклавата се во урнатини.