Не само тротоарите туку и улиците се преплавени од лисја. Распослана со лисја е и улицата „Македонија“ во строгиот центар на градот. Тоа е данокот на златно-жолтата есен.
Скопјани ја имаат „привилегијата“ да газат токму по есенскиот златно-жолт тепих, благодарение на неажурноста на надлежните, кои во своите секојдневни извештаи посочуваат дека нивните активности се насочени кон собирање на лисјата.
Надлежноста за собирање на лисјата си ја делат јавните претпријатија „Паркови и зеленило“ и „Комунална хигиена“. Од ЈП „Паркови и зеленило“ велат дека собираат лисја само од јавните зелени површини, додека „Комунална хигиена“ е надлежна за нивно собирање од тротоарите.
Не за џабе рекле две бабици, килаво дете.
(А.П.) Фото: (Ѕ.П.)