Руските власти го уапсија озлогласениот хакер Михаил Павлович Матвејев, попознат по псевдонимот Вазавака. Со негова помош, три банди за откуп изнудија повеќе од 200 милиони долари од жртвите, што го натера американскиот Стејт департмент да понуди награда од 10 милиони долари за информација што ќе доведе до негово апсење минатата година.
На Матвејев, кој има 32 години, треба да му се суди во Калининград, Русија. Руските медиуми јавуваат дека тој е обвинет за развој на специјализиран софтвер дизајниран за шифрирање на податоци и датотеки, кои „наводно имал намера да ги користи за да им наплати „дешифрирање“ на нападнатите компании.
Според руското Министерство за внатрешни работи, истражителите собрале „доволно докази“, а случајот со обвинителниот акт потпишан од обвинителот е испратен до Централниот окружен суд на градот Калининград, пренесува руската државна новинска агенција РИА.
Матвеев беше обвинет според дел 1 од член 273 од Кривичниот законик на Руската Федерација, кој се однесува на создавање, употреба и дистрибуција на компјутерски програми кои можат да предизвикаат „уништување, блокирање, измена или копирање на компјутерски информации“.
Матвејев јавно зборуваше за своите криминални активности, наведувајќи дека „неговите незаконски активности ќе бидат толерирани од локалните власти под услов тој да остане лојален на Русија“.
Некои социјални медиуми објавија дека Вазавака бил ослободен од притвор со кауција, дека платил две казни и дека „значителен дел од неговите криптовалути е запленет“.