Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација, Александар Јончевски, во иднина ќе го води и полскиот тим Шлонск Вроцлав. Станува збор за еден од најтрофејните тимови на оваа земја, со 18 шампионски титули, од кои последната во 2022 година. Договорот е до крајот на сезоната, со опција да може да биде продолжен за уште една сезона.

Јончевски доаѓа на местото на Миодраг Рајковиќ, кој го остави клубот со учинок од три победи и пет порази и со 0:4 во Лигата на шампионите на ФИБА.