Грузиската полиција рано утринава уапси истакнат опозициски лидер откако употреби водени топови и солзавец за да ги растера антивладините демонстранти кои се собраа пред парламентот четврта ноќ по ред.
Протестите беа поттикнати од минатонеделната најава на владата дека ги завршува преговорите за пристапување во Европската унија. Критичарите тоа го гледаа како потврда за отстапување од прозападната политика под влијание на Русија, што владејачката партија го негира.
Коалицијата за промени, најголемата опозициска партија во земјата, во објава на Х напиша дека Зураб Јапариџе, еден од нејзините лидери, бил уапсен од полицијата додека го напуштал протестот. На видеото се гледа како маскирани полицајци го ставаат Јапариџе во возило без ознака.
Соединетите Држави и ЕУ изразија загриженост поради, како што гледаат, демократското назадување во Грузија, земја со 3,7 милиони жители на раскрсницата на Европа и Азија која некогаш беше дел од Советскиот Сојуз.
Медведев: Грузија брзо се движи по украинскиот пат
Русија негира каква било вмешаност, но поранешниот претседател Дмитриј Медведев вчера објави дека Грузија „брзо се движи по украинскиот пат, во темна бездна“, додавајќи: „Ваквите работи обично завршуваат многу лошо“.
https://twitter.com/i/status/1863471401182585269
Синоќа демонстрантите повторно се собраа во Тбилиси на централната авенија Руставели. Некои фрлаа пиротехнички средства кон полицијата, која одговори со водени топови и солзавец. Полицијата на крајот ја прекина пресметката со оддалечување на демонстрантите од зградата на парламентот.
Грузиското министерство за внатрешни работи соопшти дека 21 полицаец биле повредени за време на протестите во текот на ноќта, додека 113 се повредени од почетокот на немирите. Премиерот Иракли Кобахиџе ја обвини опозицијата за „координирано насилство“ со цел уривање на уставниот поредок.
Десетици демонстранти исто така беа повредени од почетокот на последните протести, а САД ја осудија прекумерната употреба на полициска сила. Проевропската претседателка Саломе Зурабишвилии, која ги поддржува демонстрантите, рече дека многу од уапсените претрпеле повреди на главата и лицето како резултат на тепањето.
„Ова е бунт на целата земја“, изјави таа за Франс Интер.
Стотици дипломати и државни службеници потпишаа отворени писма во кои протестираа против одлуката да се прекинат преговорите со ЕУ и да се запре добивањето какво било финансирање од Унијата на четири години. Најмалку четворица грузиски амбасадори поднесоа оставки.
Претседателката: Нема да ја напуштам функцијата кога ќе ми истече мандатот
Зурабишвили повика на притисок врз Уставниот суд да ги поништи октомвриските избори на кои победи владејачката партија Грузиски сон. И опозицијата и Зурабишвили велат дека изборите биле наместени.
Претседателката, чии овластувања се главно церемонијални, вели дека нема да ја напушти функцијата откако нејзиниот мандат ќе истече овој месец, бидејќи парламентот што ќе го избере нејзиниот наследник е нелегитимен.
Изборната комисија тврди дека изборите биле фер. Премиерката Кобахиџе вчера изјави дека претседателката емотивно реагира на изборниот пораз на опозицијата и дека на крајот на месецот ќе мора да ја напушти претседателската палата.
Тензиите во Грузија растат со месеци откако владејачката партија ги усвои законите за „странски агенти“ и ограничување на правата на ЛГБТ луѓето. Грузискиот сон вели дека дејствува за да го брани суверенитетот на земјата од надворешно мешање и да го спречи Западот да ја вовлече во војна со Русија.