Претседателката на РСС Весна Дамева си поднесе оставка

46

Претседателката на Судскиот совет Весна Дамева поднесе оставка од функцијата. Како што стои во нејзиното јавно обраќање одлуката ја донела под притисок на власта, на претседателот на Владата и владејачката гарнитура, кои од собраниска говорница, преку партиски соопштенија изнесуваа обвинувања кон претседателката на Судскиот совет и судиите.На ова се одлучила за да го заштити својот углед, но и своите најблиски од фамилијата. ,,Во неколку наврати, тој (мислејќи на Мицковски) и политичари од сегашната власт се обраќаа со негативни ставови за членови на Судскиот совет. Сето тоа во насока да се претстави во јавноста дека јас или членови на Советот не ја извршуваме функцијата професионално и стручно. Бевме посочени како тела кои треба да бидат распуштени. Во телевизиско гостување, истакна и дека на нашето место треба да дојдат нивни луѓе – претпоставувам дека тоа се однесува на судии или обвинители кои се блиски до владеачката политичка партија. Поразително е за една демократска држава – кажа Дамева.

Иако мандатот и истекува за неколку дена Дамева минатата недела во изјава за јавноста рече дека имала право да остане уште осум месеци на чело институцијата.

-Со оглед дека во два наврата беа донесени Одлуки за разрешување на претседателот на Советот, на 26.04.2023 година и на 04.05.2023 година, сметав за потребно само да се дефинира точниот датум до кога треба да ја извршувам функцијата во траење од 2 години. За правното  прашање околу времетраењето на мандатот, иако членовите на Советот имаа свој став, сепак беа консултирани и правни експерти и еминентни стручни лица од областа на правото, па само се потврди ставот на мнозинството дека мандатот треба фактички да се извршува 2 години, рече Дамева.

На оваа одлука со објаснување дека е протизаконска реагираа повеќе политичари, судии, обвинители и адвокати според кои без разлика на сѐ, нејзиниот мандат завршува за една недела. На собраниската седница за пратенички прашања реагираше и претседателот на Владата, Христијан Мицкоски кој рече дека Дамева сакала незаконски да си го продолжи мандатот.

Премиерот викендов најави дека од денеска ќе почне со робусна акција, план за чистење на корумпираните јавни обвинители и судии. Во многу наврати Мицковски ги критикуваше правосудните системи и нивната политичка зависност, а најавуваше и распуштање на Судскиот совет со донесување на нов закон.

 

 

 

 

 

 

 

 

Наскоро повеќе…