Европската ракометна федерација му изрече парична казна од 6.000 евра на македонскиот шампион Еурофарм Пелистер, поради расистичко однесување на навивачите „Чкембари“ на натпреварот против данскиот Фредериција (29:29), одигран во Битола, пред две недели, во рамки на 8. коло од Лигата на шампионите.
Судот на ЕХФ утврди дека навивачите на македонскиот клуб расистички навредувале ракометари од гостинскиот тим. Во одлуката е нагласена и мисијата на ЕХФ да промовира пријателство и разбирање меѓу клубовите, без дискриминација по основа на раса, религија или политика.
Името на навредуваниот ракометар не е споменато во одлуката на челниците на ЕХФ, но неофицијално се работи за Рение Табоада, кој е единствен црномурест во тимот на Фредериција и кој пред неколку сезони настапуваше и за Пелистер.
Казната од 6.000 евра вклучува и условна компонента – 1.000 евра и ќе бидe активиранa само доколку во следните две години клубот повторно се најде во слична ситуација.
Македонскиот шампион моментно е на претпоследното место во групата А од Лигата на шампионите со само 4 бода, еден повеќе од споменатата Фредериција и исто колку што има шестопласираната Висла Плок.
Утре битаолчани го играат еден од најважните натпревари за пласман во нокаут фазата во Лигата на шампионите. Избраниците на тренерот Раул Алонсо во Битола го пречкуваат тимот на Висла Плок, доколку победат ќе се искачат на шестото место на табелата во групата. Во оваа група неприкосбовен на првото место е Веспрем со 16 бода, пред Спортиг со 13 и ПСЖ со 13 бодоци.